Дистрибуција

За компании кои се занимаваат со дистрибуција на храна, пијалоци, бела техника, ИТ, индустриски производи и многу други категории на производи, особено е важно да се изградат долгорочни врски со купувачите од секој продажен канал, да се обезбеди навремен пласман и видливост на производите во малопродажните објекти.

 

Со ULTIMA® се овозможува ефикасно управување со системот за дистрибуција, додека пак дистрибутерите и други вработени кои делуваат на терен можат да креираат нарачки, да изработуваат документи, да вршат испорака и наплата на терен, да имаат увид во моменталната финансиска состојба на клиентите, како и поставеноста на производите на пазарот. Овозможува брзина во работењето, целосна контрола на сите ресурси и зголемена мобилност.