ERP решенија

ULTIMA® Моќен софтвер за моќна компанија

 

ULTIMA® е прв и единствен бизнис-пакет со интегрирани софтверски решенија, дизајнирани да одговорат на потребите на секоја компанија. ULTIMA® овозможува апсолутна контрола на сите ресурси, организација на сите сектори, детален преглед на сите внатрешни и надворешни процеси и го поедноставува секојдневното работење. Со комплетниот увид на сите сегменти во компанијата се заштедува време и се добива предност во донесувањето вистински одлуки, брзо и едноставно!

 

ULTIMA® е напреден софтвер кој ги интегрира сите бизнис-функции во еден систем, обезбедувајќи флексибилност, стабилност и сигурност. Пакетот софтверски решенија претставува спој на модули за различни сегменти во работењето на една компанија: набавка, продажба, дистрибуција, комерцијално работење, книговодство, унапредување на продажба, како и менаџирање на маркетинг материјали, сето тоа централизирано во една единствена база, која обезбедува ефикасен пристап на сите вработени и генерирање извештаи на сите нивоа.