ULTIMA® HR and payroll

ULTIMA® HR and payroll (Човечки ресурси и плата) е специјализиран модул кој овозможува високо параметризиран и автоматизиран процес на пресметка на плата и управување со ресурсите во компанијата. Овој модул овозможува целосна евиденција на сите вработени и сигурно чување на подaтоци за нив, како и изработка на плата по различни критериуми во зависност од потребите на компанијата. Со Човечки ресурси и плата се осигурува точен преглед на сите трошоци на работната сила, поврзани со плати, бонуси, даноци, придонеси и други ставки земени во предвид при пресметката на плата.

Во ULTIMA® Човечки ресурси и плата се превземени мерки за заштита на чувствителни податоци кои имаат третман на деловна тајна, како личните податоци на вработените и нивната плата. За да се обезбеди највисоко ниво на сигурност, во модулот се дефинирани права на пристап по корисници кои можат да прегледуваат, додаваат, менуваат или бришат податоци од модулот. 

Спецификација
  • шифрарник – обврзник, адреса, образование, вештини, месечни параметри, историја на вработен, овластување итн.
  • пресметка на плата – месечни промени кај вработените, одбитоци и кредити, пресметк на плата, изработка на МПИН датотека
  • извештаи – спецификација на даноци и придонеси, обрасци М4, ПДД-ГИ, НП-1, рекапитулари, вработени на боледување, листа на вработени, годишен извештај, стаж на вработени, студенти на пракса итн.
  • HR обука – студенти на обука