Дополнителни хардверски и софтверски побарувања
iULTIMA® PRO

iULTIMA® PRO претставува надоградба на апликацијата iULTIMA® за iPad. Покрај функционалностите вклучени во бесплатната верзија, во iULTIMA® PRO се додадени нови документи кои можат да се креираат од уредот, односно корисниците може да креираат понуди и барања и веднаш да ги испратат на e-mail или да ги испечатат директно на терен и да се внесат понатамошни белешки со цел да се следи натамошниот напредок. Додатно корисниците на iULTIMA® имаат пристап до обемна листа на извештаи. Во iULTIMA® PRO е додадена функција на ниво на апликација која дава можност секој извештај да се праќа како attachment во e-mail и да се печати преку AirPrint опцијата на Apple.

Со iULTIMA® компаниите ќе можат да го подобрат квалитетот на услуга овозможувајќи пристап на корисниците до релевантни информации. Имајќи ги точните информации во право време им помага на мобилните работници да навлезат во подлабоки деловни односи, што им овозможува конкурентна предност.

 

iULTIMA® PRO е достапна на Apple App Store и чини само $19.99. 

 

Спецификација
  • изработка на документи од iPad
  • преглед на досие на коминтент
  • праќање на документи по електронска пошта
  • печатење со помош на AirPrint печатари
  • интеграција со базата на компанијата
  • интеграција со ULTIMA® ERP пакетите