Често поставувани прашања и нивни одговори
Како да изберам најсоодветен пакет ULTIMA® за мојата компанија?
Изборот на пакет треба да се направи врз основа на бројот на инсталирани компјутери во компанијата и функционалните побарувања. Со помош и совет од Дуна, се идентификуваат потребите на компанијата и се избира најповолниот пакет.
Дали е можно дополнително купување на лиценци, согласно растот на компанијата?
Зголемување на бројот на лиценци е можно во секој момент. Бројот на дополнителено купени лиценци во секој пакет е неограничен.
Ако го затворам документот, дали истиот е снимен во базата?
Да, документот е зачуван со последните промени кои се внесени.
Дали артиклите рачно се внесуваат во база или, пак, тоа се прави со влезен документ?
Артиклите рачно се внесуваат во база.
Како се дефинира малопродажна цена?
Во пакетите на ULTIMA® ERP, малопродажната цена преставува збир на продажната цена и ддв. При внес на продажна цена во ценовникот на ULTIMA®, автоматски се пресметува малопродажната цена, односно се додава ддв. Данокот на додадена вредност се одредува при внос на секој артикл. Во ULTIMA® POS, малопродажната цена се дефинира преку внос на нов артикл или преку прием.
Дали мора да се прави нивелација на цени за да излезе производот под друга цена во ULTIMA® POS?
За да излезе производот под друга цена мора да се направи нивелација, при што новата цена се однесува за секоја наредна наплата под таа шифра. Воедно, може да се користи и попуст за еднократна промена на цената.
Како се дефинира попуст?
Попустот се дефинира во посебен шифрарник во Ultima. Доколку корисникот има право да дава попуст (корисниснички привилегии), може да одреди попуст при креирањето на документи. Попустите може да се дефинираат на следниот начин: за еден коминтент, за коминтент и за група на артикли, за коминтент и за еден артикл, за тип на коминтент, за тип на коминтент и за група на артикли, за тип на коминтент и за артикл, за група на артикли, за документ (готовински / неготовински), за документ (готовински / неготовински) и коминтент, за документ (готовински / неготовински) и артикл, за документ (готовински / неготовински) и група артикли, за документ (готовински / неготовински) и тип на коминтент.
Дали може ПЛТ документ направен во ULTIMA® ERP, автоматски да се префрли во ULTIMA® POS?
Не, ПЛТ документ мора рачно да се внесе во POS.
Каков тип на комуникација постои меѓу ULTIMA® ERP пакетите и POS?
POS може да превзема артикли и ценовник од ULTIMA® ERP, а да врати креирани документи.
Дали може да работат два вклучени програми ULTIMA® во исто време или на различна база?
Да, може.
Кои извештаи можам да ги користам од ULTIMA®?
Најчесто користени извештаи од материјално работење се следните извештаи: лагер листа, магацинска картица, анализа на продажба, список на документи, топ продажба по коминтент, топ продажба по референт, топ продажба по артикл. Секако, по барање на корисникот, може да се дефинираат голем број на извештаи со различни параметри. Од финансово работење достапни се следните извештаи: аналитичка картица, синтетичка картица, отворени ставки, отворени ставки спецификација, состојба по конта, касов извештај, бруто биланс, спецификација на промет, старост на побарување, наплата по тип на артикл, наплата по референт, непрокнижени документи, дуплирани документи, евиднција на влезни / излезни документи.
Дали ULTIMA® POS работи на сите фискални каси или исклучиво на фискална каса од Дуна?
ULTIMA® POS работи со сите фискални каси.
Дали може да се изготват документи профактура и фактура во ULTIMA® POS?
Да, може.
Кои се минимални технички карактеристики кои мора да се задоволени за инсталација на апликациите?
За сервер

- Процесор: Intel 2.4GHz , 2-јадрен за до 10 корисници, 4-јадрен за до 25 корисници, 8-јадрен за до 50 корисници
- Хард диск (тип, големина и брзина на читање/запишување): минимум 2x300GB RAID 1, 7200rpm
- RAM меморија (големина): 4GB за до 25 корисници, 8GB за до 50 корисници
- Мрежни картички (брзина и тип): 1Gbit
- Оперативен систем: Windows Server Standard 2003/2008
- Тип на база на податоци: SQL Server 2005

За клиентска машина

- Процесор: минимум 2.0GHz
- Хард диск (тип, големина и брзина на читање/запишување): минимум 160GB, 7200rpm
- RAM меморија (големина): минимум 1GB
- Мрежни картички (брзина и тип): 100Mbit
- Типови на посебни конектори (RS232, LPT): RS232 – доколку се поврзува фискална каса
- Оперативен систем: Windows XP Professional
- Врска за обраќање на сервер
- Минимална брзина на врска за комуникација на клиентска машина со сервер: 100Мbit-на врска
- Минимална брзина на клиентска страна: 100Mbit-на врска
- Минимална брзина на серверска страна за работа со 20-30 клиентски машини: 1Gbit-на врска