Технологијата, а особено модерните софтверски решенија се клуч за успехот, трансформацијата и напредокот на секоја компанија.
Веќе 20 години, Дуна развива и имплементира деловен софтвер ULTIMA за комерцијално, материјално и финансово работење. Бројната база на еминентни македонски и интернационални компании зборува за квалитетот и вредноста од негово користење.
Од сега, Дуна ја збогатува својата понуда со нови и бесплатни консултантски услуги за финансирање на набавката на софтвер за средни и големи компании. На овој начин, на компаниите ќе им помогнеме со финансиските олеснувања при набавката на ULTIMA.