ULTIMA® Блог
Поддршка за регистрирани корисници

Тимот на ULTIMA® секогаш се труди да обезбеди извонредно корисничкото искуство преку бројни ресурси кои им помогнат на корисниците да ја завршат својата работа брзо и непречено. Токму затоа, направивме посебен дел на страната - Поддршка за регистрирани корисници во менито Поддршка. Во оваа секција право на пристап имаат само корисници на ULTIMA®, при што е потребно да се пополни форма за регистрација. Доколку се одобри пристап корисниците ќе добијат email за потврда. 

Во Поддршка за регистрирани корисници е достапна последната верзија на софтверот кој може да се симне за да се ажурира. Оваа можност е достапна за сите корисници на УЛТИМА и не се наплаќа, што е одлично бидејќи корисниците секогаш ги имаат сите најнови промени и прилагодувања согласно законските барања. 

Воедно, достапни се упатства во .pdf формат кои може да се превземат од истата секција. Покрај тоа, направивме голема библиотека на видео упатства за да се овозможи лесно учење како се користи софтверот. Овие материјали постојано ќе се надополнуваат како што се додаваат нови функционалности или модули во ULTIMA®. 

Ознаки:

Коментари
* Име:

* Презиме:

* e-Мail:

*

« Назад кон сите постови