Магацинско работење

За да се осигура дека вистинските производи ќе пристигнат навремено до крајните корисници, магацинското работење претставува клучна точка во секој дистрибутивен систем. Токму затоа е потребна голема организираност и ефикасност, со детална евиденција на секој влез или излез. За да се одговори брзо на барањата на пазарот, оптимизацијата на магацинското работење, точноста на информациите и контрола на ресурсите претставуваат предизвик за секоја компанија од оваа дејност.

 

ULTIMA® овозможува целосен преглед и контрола на нарачките и испораките, како и следење на производите во секој момент од процесот. Со ULTIMA® се зголемува продуктивноста на вработените, се оптимизира искористеноста на просторот и се добива целосен увид во магацинското работење, а во насока на намалување на трошоците и остварување профит.